Жозе Песеиро се врати на тренерското столче во Спортинг Лисабон, откако славниот португалски клуб го отпушти Синиша Михајловиќ по само девет дена на чело на клубот.
Спортинг се наоѓа во тешка криза, откако фудбалерите одбија да ги продолжат договорите по нападот од фановите во мај, по што следуваше и смена на претседателското место во клубот, што резултираше со деветдневна авантура на српскиот тренер Михајловиќ на „Жозе Алваладе“.
Песеиро, кој ги предводеше Спортинг до финалето на УЕФА купот во 2005 година кога беше 16 месеци на чело на клубот, вели дека „отровната атмосфера“ ќе биде надмината по заминувањето на Руи Патрисио, Вилијам Карваљо, Желсон Мартинс и Бруно Фернандеш.
José Peseiro é o novo treinador do #SportingCP! ?
Bem-vindo! ? pic.twitter.com/KJMWt3hC9i
— Sporting Clube de Portugal (@Sporting_CP) July 1, 2018
„Влегов во истава соба пред 13 години со голем ентузијазам, многу мотивација и многу одговорност да се бранат боите на клубот. Тогаш, иако помлад, имав на располагање многу помалку ресурси од сега и 13 години подоцна влегувам со иста мотивација и со повеќе искуство. Целта е да се создаде мир, стабилност и доверба во клубот“, вели Песеиро.
Спортинг е петти клуб на Песеиро во последните две години, откако тој имаше кратки престои на клупите на Порто, Брага, Ал-Шарџах и Виторија Гимараеш.