Фудбалерите на Лајпциг ја совладаа Херта со 3:2 (3:0) во 10. коло од Бундес лигата. Прашањето на победникот домашните практично го решија уште во првото полувреме.
Со голот на Форсберг во 25. минута Лајпциг поведе, а само пет минути подоцна Раум се погрижи да ја удвои предноста (2:0).
Во судиското надополнување на полувремето, Вили Орбан го постигна третиот гол за „биковите“, со што создаде огромна предност пред вторите 45 минути.
Со голот на Лукебаки во 62. минута од пенал, а потоа и на Јоветиќ во 64. минута, тимот од Берлин се врати во мечот.
Домашните успеаја да пружат соодветен отпор до крајот, дури постигнаа и гол преку Нкунку во 85. минута, но резултатот остана непроменет бидејќи ВАР го поништи голот.
Лајпциг го задржа целиот плен, и остана деветти на табелата во Бундеслигата. Херта по десет кола е веднаш над местото кое води во баражот со само осум бода.