Top Sport

(Видео) Пет гола во мрежата на Барселона – Виљареал победи на „Монжуик“

Еден од најдобрите натпревари сезонава во Ла Лига одиграа Барселона и Виљареал, на крајот гостите славеа по голем пресврт со 5:3 со голиви постигнати во 99. и 102.минута.

Барселона дефинитивно губи чекор во шампионската трка со Реал Мадрид и Џирона. Каталонците доживеаја тежок пораз на домашен терен од Виљареал, откако се врати од 0:2. На крајот „жолтата подморница“ испука пет торпеда во мрежата на Ињаки Пења.

На „Монжуик“, беа видени два пресврт и осум гола. Гостите поведоа со голот на Морено во 41. минута. И покрај тоа што на истиот играч нешто порано, во 22. минута, му беше поништен гол поради прекршок во нападот.

Акомах ја удвои предноста во 54. минута, по големата грешка на Жоао Кансело.

Во тој момент сите ја прежалија Барселона, но играчите на Чави изведоа нестварен пресврт. За само 11 минути постигнаа три гола и го презедоа водството. Надежта им ја врати Гундоган во 60. минута, а истиот играч осум минути подоцна му асистираше на Педри за израмнување.

Веќе во 71. минута Барселона направи пресврт, со автоголот на Баи.

Но, Виљареал не се предаде, во 84. минута публиката во Барселона беше шокирана од Гуедеш, кој на своето деби за Виљареал постигна гол за 3:3.

Тука не беше крај на драмата, во 99.минута полуконтра на Виљареал, дефанзивецот Кубарси и голманот Пења несмасно интервенираа, а грешката ја казни играчот на мечот Сорлот. Точка на натпреварот во 102.минута стави ветеранот Моралес.

Scroll to Top