Top Sport

Пет кандидати за менаџер на сезоната во Премиер лигата

Листата на кандидати за менаџер на годината во Премиер лигата во петокот беше скратена на пет имиња.

Меѓу петте кандидати за најдобар менаџер на Премиер лигата за сезоната 2021/22, очекувано се менаџерите на два тима кои се борат за титулата – Пеп Гвардиола и Јирген Клоп.

Останатите тројца се менаџерот на Њукасл, Еди Хау, менаџерот на Кристал Палас, Патрик Виера и менаџерот на Брентфорд, Томас Франк.

Стратегот на Брентфорд имаше совршено деби во Премиер лигата заедно со својот клуб кој за првпат е во елитата. И тој ќе биде таму следната сезона.

Еди Хау заврши одлична работа во Њукасл, откако го презеде тимот пред седум месеци. Њукасл ќе стане првиот клуб што успеал да остане во Премиер лигата откако не забележал ниту една победа во првите 14 натпревари. Њукасл имаше само пет бода кога Хау пристигна во ноември, сега има 43 и е 14.на табелата на самиот крај од сезоната. Во продолжение Њукасл имаше серија од девет меча без пораз.

Во својата прва менаџерска сезона во Премиер лигата, Патрик Виеира го донесе Кристал Палас до позиција да ја заврши сезоната во првата половина на табелата, а навивачите се задоволни од начинот на кој игра тимот.

Тоа што Пеп Гвардиола и Јирген Клоп се најдоа на листата на кандидати за најдобар менаџер не треба посебно објаснување. Гвардиола би можел по четврти пат во последните пет години да биде прогласен за најдобар менаџер.

За наградата, како и за сите награди што ги доделува Премиер лигата на месечно и годишно ниво, учествуваат и гласовите на навивачите, во одреден процент. Гласовите на публиката сочинуваат десет проценти од вкупните гласови, а гласаат и членовите на панелот од Премиер лигата, како и менаџерите и капитените на тимовите.

За менаџер на годината ќе се гласа, до 16 мај до 19 часот.

Scroll to Top