Top Sport

Петерсен даде гол 67 секунди по влегувањето во игра за победа на Фрајбург (видео)

Фрајбург го совлада тимот на Борусија Менхенгладбах со 1:0 на „Шварцвалд“ во првиот меч од 30. коло во Бундеслигата, нанесувајќи му пораз кој може да го чини место во Лигата на шампионите.

Ова е третпат во последните три меча Менхенгладбах да не победи, и иако останува на четвртото место на табелата со 56 поени, веднаш зад нив се Баер Леверкузен со идентичен број на поени пред дербито против Баерн Минхен овој викенд.

Нилс Петерсен се покажа како клучен човек на натпреварот, откако само една минута по влегувањето во игра во 58. минута по одличното нафрлање на Грифо го совлада гостинскиот голман за водство. Шансите на Борусија за враќање беа уништени во 68. минута кога Аласане Пле доби втор жолт картон.

За Фрајбург пак, ова е прва победа по рестартот на Бундеслигата, со која се на осмото место на табелата со 51 поен.

Scroll to Top