Швајцарската фудбалска репрезентација се наоѓа на тенката линија помеѓу самодовербата и ароганцијата, признава нивниот селектор Владимир Петковиќ, откако тие се пласираа во осминафиналето по 2:2 ремито со Костарика во средата.
Со овој резултат, Швајцарија го освои второто место во групата Е зад Бразил и во осминафиналето ќе игра со Шведска.
„Тешко е да се каже на која страна бевме, но фактот што толку многу посед на топката претворивме во премногу загубени дуели, не е добро за нас. Ова беше многу поинаков натпревар од нас од тоа што го видовме против Бразил и Србија. Не треба многу да анализираме, но сериозно треба да сфатиме дека на ваков начин турнирот бргу ќе биде готов за нас. Имаме големи амбиции, но сега ќе ги ограничиме на дуелот со Шведска“, вели Петковиќ.
Фото: ЕПА