Top Sport

„Петлите“ на Сон му нудат нов 5-годишен договор за 57 милиони евра

Лондонски Тотенхем се подготвува на јужнокорејскиот фудбалер Хеунг-мин Сон да му понуди нов петгодишен договор, откако неговиот актуелен трае до 2023 година.

Според информаците, со новиот договор Сон би требало да заработува по 220.000 евра неделно плус бонусите, а ако се пресмета заработката за цели 5 години се доаѓа до цифра од 57 милиони евра.

Тотенхем не сакаат повторно да се доведат во ситуација да мораат да пуштат играч пред крајот на договорот под цената како што направија со Кристијан Ериксен во Интер.

Сон сезонава игра во одлична форма, на 8 меча постигна 9 гола.

Досега за Спарси одигра 237 меча од 2015 година наваму, со 94 постигнати гола и 51 асистенција.

Scroll to Top