Top Sport

Петмина мора да ја напуштат Барса до 5 октомври

До крајот на преодниот рок фудбалскиот клуб Барселона има план да се ослободи од уште петмина фудбалери. Преодниот рок во Европа трае до 5 октомври.

Новиот тренер на Барселона Роналд Куман веќе успеа да се ослободи од Иван Ракитиќ, Артуро Видал и Нелсон Семедо. Ракитиќ и Видал заминаа во Севилја односно Интер за симболични суми, клубот ќе може да заработи од бонусите, додека Семедо во Вулверхемптон оди за 38.000.000 евра.

Најголем проблем во овој момент за Барселона е Луис Суарез. Куман му порача на фудбалерот да си бара нов клуб, тој сака да замине но само под услов Барселона да му ај исплати последната година од договорот. Според медиумите Барселона биле подготвени да му исплатат само пола сума, или околу 7.000.000 евра.

Во меѓувреме на Суарез му пропадна трансферот во Јувентус, а тој ги одбил понудите од Рома и Интер Мајами. Се шпекулира дека тој е најблиску до трансфер во Атлетико Мадрид.

Останатите играчи кои треба да заминат до крајот на преодниот рок се Жан-Клуб Тодибо, Самуел Умтити, Матеус и Рафиња Алкантара.

За Умтити и Матеус нема понуди, Алкантара сака да се врати во Селта но клубот од Виго нема 15.000.000 евра колку што бара Барселона, додека за Тодибо интерес покажуваат неколку екипи од Бундес лигата.

Во оваа група спаѓа и талентираниот Рики Пуѓ, кого Барселона сака да го вметне во пакетот што ќе му го понуди на Ајакс за десниот бек Сержињо Дест.

Scroll to Top