Фудбалската репрезентација на Украина на 1 јуни ќе го почне плеј-офот за пласман на Светското првенство во Катар. На „Хемпден парк“ противник ќе биде Шкотска, а победникот потоа ќе игра против Велс во последниот мундијалски бараж.
Селекторот на Украина, Oлександр Петраков, вели дека неговиот тим не се плаши од ништо после војната што ја отвори Русија во нивната земја.
„На ‘Хемпден парк’ ќе има неверојатна атмосфера. Но, од што би се плашеле ние после ракети и бомби. Не се плашиме и од Шкотска, тоа е само фудбал“, изјави Петраков.
Тој не ја одмина и воената состојба во Украина.
„Изразнав и живеев во Советскиот Сојуз и сега не можам да верувам кои ни беа браќа, со кого спиевме, јадевме. Сега сакаат да не убијат“, додаде Петраков.