Романскиот шампион ЦФР Клуж се наоѓа во хаос пред утрешниот меч со Рома, откако нивниот тренер, легендарниот поранешен романски репрезентативец, Дан Петреску најавил дека ќе си замине по мечот.
Според „Ла газета дело спорт“, Петреску, кој е суспендиран за утрешниот меч и ќе биде на трибините за време на утрешниот меч е исфрустриран од управата на клубот, но и од судиите во романскиот шампионат.
„Не сакам да останам и ќе заминам по мечот со Рома. Сакам пауза, веќе не можам да го трпам ова. Не се работи само за судиите. Ќе дојде некој друг“, вели Петреску.
52-годишниот Петерску освои четири титули во Романија – во 2008/09 со Униреа Урзичени и во 2017/18, 2018/19 и 2019/20 со ЦФР Клуж. Според италијанските медиуми, Петерску е меѓу главните кандидати да го замени Бепе Јакини на клупата на Фиорентина, кои имаат лош старт на сезоната.