Top Sport

Петтолигашот Јеовил го „трола“ Де Хеа: Извини, не сме заинтересирани

Англискиот петтолигаш, Јеовил таун решија да се пошегуваат на сметка на голманот на Манчестер јунајтед, Давид де Хеа и неговата слаба форма во 2019/20, посочувајќи му дека ниту тие не би биле заинтересирани за неговите услуги.

Шпекулациите велат дека иднината на Де Хеа на „Олд Трафорд“ е многу несигурна и дека Јунајтед би го вратиле Дин Хендерсон, кој бранеше како позајмен фудбалер последните две сезони во Шефилд јунајтед како прв избор.

Сепак, Јеовил јасно му порачаа на 29-годишниот Шпанец дека кај нив нема место.

Де Хеа на социјалните мрежи објави фотографија со две точки – бела и зелена, како поддршка на Елче во борбата за плејоф во втората лига, а Јеовил, кои ги носат овие бои кратко му одговорија: „Не, не сме заинтересирани, благодарам Давид“.

Scroll to Top