Академија Пандев останува лидер во македонската Прва лига по убедливата 4:2 победа над прилепска победа, но веднаш зад нив е и шампионот Шкендија, откако тетовци и со играч помалку го освоија целиот плен во Кратово против Силекс со 2:1 победа.
До петтата победа во шест кола во Првата лига, „академците“ стигнаа во второто полувреме, откако водството од 0:2 го „прокоцкаа“ до 51. минута. Сепак, Миловановиќ и Дориев (од пенал) на крајот донесоа 2:4 победа над прилепчаните.
Во Кратово пак, Бесарт Ибраими постигна гол во 94. минута за Шкендија да стигне до 2:1 победа над Силекс, откако во последните 15 минути играа со играч помалку по исклучувањето на Селмани.
ПРВА ЛИГА, 6.КОЛО
Победа – Академија Пандев 2:4
Ренова – Беласица 0:2
Шкупи – Македонија Ѓорче Петров 2:1
Силекс – Шкендија 1:2
ТАБЕЛА: 1.Академија Пандев 15, 2.Шкендија 14, 3.Вардар 14, 4.Работнички 9, 5.Победа 8, 6.Шкупи 5, 7.Силекс 5, 8.Беласица 5, 9.Ренова 4, 10.Македонија ЃП 3.
Фото: ФК Шкендија