Top Sport

Рома падна на „Дал’Ара“, Пандев не доби шанса против поранешниот клуб Лацио (видео)

Шампионските амбиции на Рома повторно паднаа тест, откако „волчицата“ беше надиграна од Болоња за да биде поразена со 2:0 на „Ренато Дал’Ара“, додека Лацио дома без проблеми со 4:1 го „суреди“ тимот на нивниот поранешен играч Горан Пандев, Џенова.

Федерико Матиело во 36. минута постигна прекрасен гол за Болоња да дојде до водство од 1:0, за мечот да го реши Федерико Сантандер во 59. минута за три поени за домаќините.

На „Олимпико“ пак, Горан Пандев не беше во составот против својот поранешен клуб Лацио, кој стигна до импресивна 4:1 победа над Џенова. Чиро Имобиле постигна два гола, а стрелаа и Милинковиќ-Савиќ и Фелипе Каиседо за 4:1 победа.

СЕРИЈА А, 5.КОЛО

Болоња – Рома 2:0

Киево – Удинезе 0:2

Лацио – Џенова 3:1

Фото: ЕПА

Scroll to Top