Кристијан Пичини ќе биде првото засилување за Црвена звезда во зимскиот преоден рок. Италијанецот од Валенсија ќе се пресели во Белград.
Пичини има договор со Валенсија до крајот на сезоната. Од шпанскиот клуб се согласиле да го пуштат порано, бидејќи тој речиси и да не игра кај тренерот Бордалас.
Фудбалерот кој во кариерата четири пати настапил за италијанската репрезентација го договорил условите со Црвена звезда. Тој во Белград ќе пристигне по Новата година. Откако ќе ги мине лекарските прегледи ќе потпише договор до јуни 2024 година.
Пичини во кариерата играл во Специја, Ливорно, Бетис и Спортинг Лисабон.