Оскар Руџери, светски првак со Аргентина во 1986 година, во една изјава го нарекол Џерард Пике „просечен фудбалер“. Руџери дел од свoјата кариера минал во Реал Мадрид (1989-1990).
„Пике е дефанзивец од втора класа, просечен играч, каков што бев јас, како што има многу во фудбалот“, рекол Риџери за „Фокс спорт“ и дополнил.
„Добро изгледа, во врска е со пејачка…има кул брадичка, но да игра за Валенсија немаше да биде познат. Таков бев и јас, просечен. Добар дефанзивец, ништо повеќе од тоа. Никогаш не бил под притисок“.
Аргентинецот потоа рекол дека најдобра дефанзивец во фудбалот е капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос.