Top Sport

Пике го впери прстот кон Лапорта: Излези и кажи ни ја вистината

Барселона и оваа сезона, како и во претходните неколку години, има огромени финансиски проблеми.

Новото раководство, на чело со Џоан Лапорта, се обидува да ги намали долговите, но засега тоа не успева во тоа.

Легендата на клубот, Џерар Пике беше искрен и им порача на челнците да им ја кажат вистината на навивачите.

„Она што луѓето сакаат е да ја знаат вистината, вистинската ситуација во Барселона и да се соочат со неа. Ако реалноста е „таква и таква“, тогаш треба да се каже таква каква што е. Не можете да давате лажна надеж, да ја продавате магла и да велите: „Ќе ја освоиме Лигата на шампионите“. А всушност немате пари за да се натпреварувате. Не знам каква е моменталната ситуација во клубот, но мислам дека членовите и навивачите би сакале да ја знаат вистината“, изјави Жерар Пике.

Барселона, многу веројатно, нема да ја освои Ла Лига и оваа сезона, испадна од Купот на кралот, а во Лигата на шампионите има 1:1 против Наполи по првиот осминафинален натпревар.

Scroll to Top