Top Sport

Пике и Шакира започнуваат судска битка за старателство

Ѕвездата на Барселона, Жерар Пике, и позната пејачка Шакира, кои се разделија по низа скандали, започнуваат тешка судска битка за старателство над нивните две деца. „Ла Вангардија“ пренесува дека Пике бара старателство и во наредните месеци судот ќе одлучува дали тие ќе одат да живеат со Шакира во Мајами или ќе останат кај таткото во Барселона.

За таа цел, Пике ја ангажирал реномираната адвокатска фирма која беше вмешана во разводот на Аранча Санчез Викарио и Хосеп Сантакана, двојка која исто така има две деца по десетгодишна врска.

Колумбиската пејачка вчера беше забележана на плажа во Шпанија со непознат убав млад човек. Шпанските медиуми посочија дека Шакира цело време се смешкала и изгледала среќно во негово друштво.

Scroll to Top