Џерар Пике, пред неколку недели во интервју за „Лекип“, најавил дека ќе купи фудбалски клуб, но не сакал да го открие името на клубот.
Откако преговорите завршиле успешно, тој објави дека преку неговата „Космос група“, го купил фудбалскиот клуб Андора.
Андора е полу-професионален клуб во оваа мала држава на Пиринеите и клуб што се натпреварува во петтата лига Шпанија.
Клубот практично е и репрезентацијата на Андора, бидејќи од деветмина од тимот се репрезентативци на својата држава.
Целта на Пике е за две-три години Андора да се врати во третата лига, наречена Сегунда Б, во која клубот се натпреварувал во 90-години од минатиот век.