Баерн Минхен го прегази вицешампионот во Шпанија сезонава – Барселона, а веднаш по последниот судиски свиреж, Каталонците „почнаа да пукаат по рабовите“.
Одбраната на екипата беше катастрофална на овој меч, предводена од Жерар Пике (33). Стоперот по овој пораз најави заминување од клубот од „Ноу Камп“, по цели 14 сезони.
„Срамота, ништо друго не можам да речам. Ова не е првпат или вторпат. На овој клуб му требаат секакви промени, го допревме дното. Ако морам да си одам за да дојде млада крв, ќе си одам. Во Европа не сме компетитивни, а веќе не ни оди ниту во лигата. Овој неуспех не може да се маскира со ништо“ – рече разочараниот Пике.
Тој денеска го одигра 542-от меч за Барса, а има постигнато 47 голови.