Top Sport

Пике одби Шакира да му плати дел од долговите и да ги однесе децата во Мајами

Дефанзивецот на Барселона, Жерард Пике ја одбил дарежливата понуда од Шакира за финансиска разделба, откако колумбиската поп-ѕвезда понудила да ги плаќа сите трошоци за нивните деца.

Разделбата на Пике и Шакира ги наполни страниците на шпанските таблоиди повеќе недели и според „Марка“ во моментов се одредувааат деталите за понатамошниот разделен живот по 12 години заедно и две деца.

Според „Марка“, Шакира понудила да преземе целосна одговорност за децата Саша и Милн, и да се пресели со нив во Мајами, оставајќи го Пике без никакви финансиски обврски, и дури со обезбедени пет билети годишно од прва класа за да ги посети во Мајами. Покрај тоа, од тие пет посети кои би ги добил фудбалерот, една би била неделен годишен одмор. Таа исто така понудила да покрие 20 отсто од долгот на фудбалерот, кој се проценув на 2.5 милиони долари поради даночни проблеми во Шпанија.

Пике ја одбил понудата и според шпанските медиуми, неговиот адвокатски тим подготвува контра-понуда.

Scroll to Top