Top Sport

Пике осигура Шпанците да можат да го гледаат Меси на ТВ

Дефанзивецот на Барселона, Жерард Пике обезбеди неговите сограѓани да можат да продолжат да го гледаат Лионел Меси на телевизија, откако неговата компанија „Космос“ ги откупи правата за прикажување на француската Лига 1 во Шпанија во следните три сезони, тврди „ЕСПН“.

Ова значи дека потенцијалното деби на неговиот поранешен соиграч Меси а ПСЖ, ќе биде прикажувано слободно во недела, кога „светците“ гостуваат на Ремс. Мечот ќе се прикажува на каналот на Ибаи Лјанос, обично коментатор на е-спортови, но и на ТВ каналот „Телечинко“.

Претходно, носител на ТВ-правата за францускиот фудбал беше гигантот „Мовистар“ во договор кој ги чинеше помалку од 2.5 милиони евра, но одбија да го продолжат договорот, клучна грешка која се случи пред трансферот на Меси во Шпанија.

„Космос“ претходно ова лето го прикажуваше и Копа Америка, каде што Меси со аргентинската победа над Бразил ја освои првата интернационална титула во кариерата. Компанијата исто така има права за италијанската Серија Б, а неодамна беше одговорна за преуредување на тенискиот Дејвис куп. Пике исто така е сопственик на фудбалскиот клуб Андора ФЦ, кој настапува во третата шпанска лига.

Scroll to Top