Top Sport

Пике: Ривалството со Мурињо го „стресе“ Гвардиола

Легендата на Барселона, Жерард Пике во гостување на една забавна емисија на шпанската телевизија, открива дека неговиот однос со поранешниот тренер Пеп Гвардиола целосно се сменил откако Пике влегол во врска со колумбиската поп-ѕвезда Шакира.

„Пеп и јас дојдовме до тој степен што имаше голема нетрпеливост во соблекувалната, и тоа кај сите. Ривалството со Жозе Мурињо му беше многу стресно. Пеп сакаше целосна контрола на работите. Јас почнав да одам со Шакира и мојот однос со Пеп целосно се смени. Сега, работите се океј. Бев под голем притисок да ги правам работите совршено. Ако некогаш сум размислувал да ја напуштан Барса, тоа беше таа 2011/12 под Гвардиола“, вели Пике.

Тој исто така не сакаше да зборува лошо ниту за претходниот претседател на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу, човек кој многумина го сметаат за најголем виновник за кризата која го тресе клубот.

„Не можам да кажам дали тој е најлошиот, но тука некаде е. Сите сме винови, а вистина е дека клубот не оди во насока во кој се надеваат навивачите. Сепак, мислам дека следните 5-10 години ќе бидат фантастични за клубот“, додава Пике.

Scroll to Top