Top Sport

Пике се потсмева со ривалот – Еспањол де Корнела!

По победата од 2:0 во четвртокот над градскиот ривал Еспањол, Барселона влезе во полуфиналето на Кралскиот куп, надоместувајќи ја негативата од 0:1, но тоа не беше доволно за Жерард Пике.

Капитенот на Блауграна предизвика бурна реакција со својата потценувачка изјава за „помалиот“ градски ривал.

„Еспањол де Корнела секогаш ни прават маки. Да, секако, Корнела? Нели се од таму?“, изјави Пике.

Еспањол во 2009 година се „пресели“ на стадионот со 40.000 седишта „РЦДЕ“ во Корнела, на десетина километри југозападно од „Ноу Камп“ на Барселона. Тие претходно играа на „Олимпискиот стадион“, додека историскиот дом на клубот е ридестото предградие Сарија.

За разлика од богатата колекција трофеи на Барса, Еспањол има само четири титули и се гордее со тоа што се нарекува „прекрасното малцинство“.

Еспањол официјално побара да се истражи изјавата на Пике бидејќи промовира „ксенофобија“.

„За нас тоа е јасно понижување на другите места освен Барселона и г-дин Пике промовира ксенофобично однесување“, се вели во соопштението на Еспањол.

Scroll to Top