Top Sport

Балотели и Шекспир во иста реченица (видео)

Марио Балотели е познат по многу работи – по квалитетот на теренот, по контроверзното однесување, по главоболките кои ги предизвикува на своите шефови… Но, не и по Вилијам Шекспир.

Во обид да се промовира литературниот фестивал „Шејк Ница“ од 24 јануари до 11 февруари, фудбалерите на Ница, вклучувајќи го и Балотели решија да рецитираат делови од вечниот Шекспир.

Неколку играчи се обидуваат на различни јазици, а Балотели се одлучи за извадок од драмата „Бура“.

Scroll to Top