Top Sport

Пике со вулгарни зборови ги критикува челниците на Барселона

Долгогодишниот играч на Барселона, Џерар Пике, гостувал на „Твич“, во емисијата на стримерот, Ибаи Ланос. Разговарале на многу теми, но она што го привлече вниманието на јавноста е коментарот што би направи Пике кога би бил претседател на Барселона.

„Би направил модерен клуб. Многу работи б сменил. На сите од врвот би им кажал да одат да се е..т. Токсични се нега одат и нека се е..т. Истото ова би им го кажал и на сите оние кои би се почувствувале повикани од оваа изјава“, рекол Пике.

Џерар Пике, се ближи кон крајот на кариерата. Веќе успешно работи неколку бизниси, а никогаш не криел дека во иднина сака да биде претседател на Барселона.

Scroll to Top