Џерар Пике како организатор и финансиер на новиот Девис куп гостувал на телевизијата. Гостувањето тој го искористил и урне некои митови за врвниот фудбал.
„Најчесто свесно влегувам во неволји. Најчесто ‘умирам’ од смеа, уживам во тоа. Светот на фудбалот е големо шоу, се е една обична фарса, се што ќе прочитате е лага. Работите се многу едноставни, односите со фудбалерите се фантастични. Влегуваме во неволји затоа што ние тоа го сакаме, сакаме малку да го ‘зачиниме’ работите“, со насмевка на лицето открил играчот на Барселона кој е познат како човек што сака да провоцира со своите изјави.
Пике потоа појаснил што се случува навистина кога ѕвездите ќе се најдат во соблекувалната или на теренот.
„Меѓу нас, без оглед на тоа дали сме соиграчи или ривали, се е делува многу порелаксирано од она што се пишува по медиумите. Односите меѓу фудбалерите се фантастични. Кога ќе западнеме во неволји тоа е поради тоа што ние така сакаме, сакаме да се забавуваме. Често таквите работи погрешно се толкуваат“, заклучил играчот кој одиграл 102 натпревари за Шпанија и ги освоил сите трофеи со клубот и репрезентацијата.