Top Sport

Пике удри по Барса: Викаа нашите плати се пречка, си отидовме, сега пак немаат пари

Поранешниот фудбалер на Барселона, Жерард Пике удри по својот клуб по заминувањето на повеќето легенди на клубот оваа сезона, откако нивните високи плати беа „виновни“ за финансиските проблеми во клубот.

Пике се пензионираше сред сезона, пред на крајот на сезоната од клубот да заминат и капитенот Серхио Бускетс и дефанзивецот Жорди Алба, како последни играчи од славната генерација на каталонскиот клуб. Барса се мачи со финансиски проблеми повеќе години под водство на поранешниот претседател Жозеп Марија Бартомеу, но новиот претседател Жоан Лапорта иако делумно ја стабилизираше ситуацијата, тие на пример не беа способни да му понудат договор на Лионел Меси.

Пике не жали за својата одлука, но вели дека работите не се смениле.

„Задоволен сум од тоа што заминав бидејќи им дадов на Барса простор во платите. Но, изгледа дека и покрај тоа уште постојат финансиски проблеми. Не знам кој треба да замине веќе. Тие велеа дека нашите плати беа проблем. Сега, сите ние си заминавме, но уште не можат да донесат нови играчи“, вели Пике.

Scroll to Top