Top Sport

Пикфорд најмил обезбедување, добивал смртни закани

Џордан Пикфорд ангажирал обезбедување за него и семејството, поради смртните закани што ги добивал на социјалните мрежи. Пикфорд веројатно е мета на навивачите на Ливерпул, бидејќи во градското дерби го повреди Вирџил Ван Дајк. Холанѓанецот поради повресата ќе паузира помеѓу 9 и 12 месеци.

Близок пријател на семејството Пикфорд на медиумите им открил дека голманот добива сериозни закани.

„Џордан е шокиран од заканите кои ги добива по тој натпревар. Решен е да ги преземе сите мерки за да биде безбедно неговото семејство“, изјавил пријателот на семејството.

Агенцијата за обезбедување што ја најмил Пикфорд, распоредила свои луѓе околу целиот имот на голманот, додека тој и останатите од семејството се исклучиле од социјалните мрежи.

Scroll to Top