Top Sport

Пикси ќе ги предводи Србите за 1.000.000 евра годишно

Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС), деновиве, треба да го назначи Драган Стојковиќ-Пикси за нов селектор на националниот тим. „Вечерње Новости“, објавија дека Пикси постигнал договор со ФСС и дека ќе стане селектор за годишна плата од 1.000.000 евра.

Србија е без селектор од декември минатата година, кога ФСС се разделија со Љубиша Тумбаковиќ, кој не успеа да избори пласман на Европското првенство.

Србите во март ќе ги започнат квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар. На стартот тие имаат три тешки натпревари, против Ирска (24.март) и Португалија (27.март) во Белград и Азербејџан во Баку на 30.март.

Scroll to Top