Фудбалската репрезентација на Србија, преку Португалија, успеа да избори директен пласман на Мундијалот во Катар. Србите, во неделата, победија во Лисабон 2:1, со голот на Митровиќ во 90.минута.
Легендата Драган Стојковиќ-Пикси е најзаслужниот за пласманот на Србија на Светското првенство. Селекторот на Србија, не бил на теренот во последните четири минути од натпреварот.
Една минута пред голот на Митровиќ тој се повлекол во соблекувалната.
„Кога видов дека останаа уште четири минути, заминав. Така ми дојде, си кажав дека не можам повеќе да гледам. Се повлеков во соблекувалната, мислеа дека не ми е добро. За мене тоа беше цела вечност. Знам што може да се случи во тој период. Слично како во Даблин кога сами си постигнавме гол. Во соблекувалната бев мирен, не слушав галама на трибините. Тоа ми кажуваше дека се е во ред“, открил Пикси.
Потоа решил да се врати на своето место.
„Излегувам и во тунелот гледам луѓе во униформи со наведнати глави. Тогаш се ми беше јасно. Ми беше јасно дека тие се поразени. Погледнав во далечината и ги видов играчите во бели дресови како се радуваат“.