Прославениот српски фудбалер Драган Стојковиќ Пикси го продолжи договорот и ќе остане на клупата на кинескиот Гвангџу РФ до 2021 година.
Амбициозниот кинески прволигаш една година пред истекот на актуелниот му понуди нов договор на Стојковиќ, што значи дека тој отпаѓа од комбинациите за нов селектор на фудбалската репрезентација на Србија.
Името на поранешниот фудбалер на Раднички Ниш, Црвена звезда, Олимпик Марсеј, Нагоја најчесто се споменуваше во Србија како наследник на Славољуб Муслин, кој по успешно завршените квалификации за Мундијалот спогодбено го раскина договорот.
Стојковиќ го презеде Гвангџу во август 2015 година, а претходно беше тренер во Нагоја, Јапонија.