Top Sport

Моја ги уверува фановите – Надал ќе биде фит за Лондон

Светскиот број 1, Рафаел Надал ќе биде подготвен за настап на АТП финалето во Лондон следната недела и покрај проблемите со коленото, вели неговиот тренер, Карлос Моја.

31-годишниот Надал се повлече од Мастерсот во Париз пред четврт-финалето поради проблеми со десното колено, и шпекулациите велеа дека 16-кратниот гренд слем шампион ќе се приклучи на долгата листа на отсутни тенисери за АТП финалето, заедно со Енди Мареј и Новак Ѓоковиќ. Моја има добри вести.

„Рафа е океј, коленото е добро. Тој сопре за да не ризикува. Мислам дека ќе биде конкурентен во Лондон, бидејќи тоа е единствениот голем турнир на кој не го кренал трофејот. Очекував да биде број 1 и воопшто не сум изненаден. Неговиот тенис и неговиот ум го носат на првото место“, вели Моја.

Надал оваа година ги замолчи сите критичари по сезоната 2016 одбележана со сериозни повреди, откако триумфираше по 10. пат на Ролан Гарос, пред да ја освои титулата на САД опен и да се искачи на првото место на АТП листата (кое го има гарантирано за 2017).

Scroll to Top