Србија загуби од Унгарија со 2:1 во Будимпешта во седмото коло од квалификациите за ЕП. Србите доминираа особено во второто полувреме, но на крајот Унгарија ги победи по втор пат во овие квалификации. Унгарија поведе во 21. минута со голот на Барнабас Варга, а израмни Страхиња Павловиќ во 33. минута. Роланд Салаи минута подоцна им ја подари победата на Унгарците.
Српскиот селектор Драган Стојковиќ Пикси не можеше да поверува што пропуштаат неговите играчи, а на крајот од натпреварот изјави: „Не изгледаше толку лошо, освен овие грешки што ги направивме. Во второто полувреме се вративме. максимално го засиливме нападот. Имате денови кога топката нема да ве сслуша. Како? Зошто? Немам поим. Го прославивме нивниот голман“.
Денес Дибуш уште еднаш ги запре нападите на Србија, а некои удари завршија на стативата: „Тој е одличен голман, но можеше да добие и на лотарија ете колку имаше среќа. Србија делуваше добро, ги одработивме подготовките максимално, па затоа нема што да се жалам на моите играчи. Немам ништо против играчите, не знам дали ме разбирате. Ја одигравме играта онака како што треба да се играат овие натпревари“.
Стојковиќ тогаш му одговори на унгарскиот новинар: “Унгарија е многу добра и организирана репрезентација. Но, да не се лажеме, не бевте подобри од нас. Или гледав друг натпревар? Па, сега резултатот е на ваша страна и јас Ви честитам за тоа Во фудбалот понекогаш подобриот не победува. Србија ниту на првиот натпревар во Белград ниту овде не заслужи да загуби. Ние го прифаќаме ова и продолжуваме понатаму“.