Top Sport

Пиоли: А, сите велеа дека Милан се аутсајдери

Стефано Пиоли ги однесе Милан до полуфиналето на Лигата на шампиони, првпат по 16 години, кога во 2007 година го кренаа трофејот, и потоа ги потсети критичарите дека нивниот европски пат почна во претквалифиакциите за Лига Европа.

По 1:0 предноста направена на „Сан Сиро“, Милан успеа да одигра 1:1 со Наполи на гости.

„Сите се сеќаваме каде почна нашиот европски пат против Рио Аве. Сите велеа дека сме аутсајдери, но имаме големо срце и можам само да им честитам на моите момци. Требаше да имаме подобри додавања во второто полувреме, но многу од овие момци не помислуваа дека ќе бидат блиску до полуфинале на Лигата на шампионите. Видов огромно жртвување против голем Наполи, кој ни направи проблеми во двата меча“, вели Пиоли.

Следен противник најверојатно е градскиот ривал Интер, кои утре на „Сан Сиро“ ќе ја бранат предноста од 2:0 против Бенфика од првиот меч.

„Изгледа дека ќе биде така. Тоа ќе бидат уште два тешки возбудливи и прекрасни судири во Лигата на шампионите. Нема да сопреме сега“, додава Пиоли.

Scroll to Top