Top Sport

Пиоли: Анчелоти и Гвардиола се најдобрите тренери на светот

Стефано Пиоли се обидува да стане првиот тренер на Милан кој ги однел „росонерите“ до осминафиналето на Лигата на шампионите по Макс Алегри во 2013/14, но вели дека еден друг легендарен тренер е неговиот избор за најдобар во историјата.

Милан не смеат да загубат од Ред бул Салцбург во вечерашното последно коло ако сакаат да презимат во елитното европско натпреварување. Карло Анчелоти беше последниот тренер на Милан кој го крена трофејот од ЛШ со „росонерите“ во 2006/07.

„Мислам дека тој и Пеп Гвардиола се најдобрите фудбалски тренери на светот. Анчелоти напиша историја со Милан, иако во поинаква ера на фудбалот. Не го познавам лично, но се гледа дека има супериорна интелигенција и способност да влезе во срцето и душата на своите фудбалери“, вели Пиоли.

Scroll to Top