Top Sport

Фантастичниот говор на Меси пред финалето на Копа Америка откриен во новиот документарец

Новиот документарен филм на „Нетфликс“ со име Sean Eternos: Campeones de America (Бидете вечни: Шампиони на Америка), го следи патот на Аргентина до титулата на Копа Америка, и најмногу внимание предизвика трејлерот во кој се објавува емотивниот говор на капитенот Лионел Меси во соблекувалната пред големото финале.

Меси и Аргентина ја совладаа Бразил со 1:0 на „Маракана“ во Рио де Жанеиро за Меси да ја освои својата прва репрезентативна титула по голем број на разочарувања со „албиселесте“.

„Четириесет и пет дена без да ги видиме нашите семејства момци. Имавме цел и сега сме на еден мал чекор од остварување. Не постои случајност, момци. Знаете што? Овој трофеј е направен да дојде во Аргентина и Господ го донесе тука, за да го кренеме на ‘Маракана’, за да биде попрекрасно за сите. Затоа да излеземе со самоувереност и со смиреност и да го однесеме дома“, вели Меси.

Копа Америка требаше да се игра во Аргентина и Колумбија во 2020, но натпреварувањето беше одложен и „преселено“ во Бразил по пандемијата на КОВИД-19 и граѓанските немири во Колумбија. Меси загуби три финалиња о Копа мерика во низа од 2014 до 2016 година, а херој на Аргентина беше Анхел ди Марија, кој го постигна единствениот гол за прв трофеј на Аргентинците по пауза од 28 години.

Scroll to Top