Top Sport

Пиоли го потпиша договорот со Милан

Фудбалскиот клуб Милан попладнево ја официјализира соработката со Стефано Пиоли. Милан вечера го најавија доаѓањето на Пиоли откако по само 111 дена решија да му врачат отказ на Марко Џампаоло.

Милан по седум кола има девет бода (три победи и четири порази) поради што челниците Паоло Малдини и Звонимир Бобан решиле дека треба да го напушти клубот.

Стефано Пиоли е поранешен тренер на неколку екипи меѓу кои се Интер, Лацио и Фиорентина.

Последен клуб во кој работел била Фиорентина, каде во април доби отказ поради серијата на катастрофални резултати.

Милан и Пиоли договориле две годишна соработа. Неофицијално тој годишно ќе заработува 1,5 милиони евра.

Scroll to Top