Тренерот на Милан, Стефано Пиоли инсистира дека неговиот тим ќе се обиде да ја „преземе контролата“ на дуелот со Челси на „Стемфорд Бриџ“, каде што италијанскиот шампион, сепак, нема да биде фаворит. Во можеби најинтересната група по два меча Милан се први со четири поени, Динамо Загреб имаат три, а Ред бул Салцбург и Челси имаат по еден поен.
„Сакаме да бидеме конкурентни и да го направиме тоа мораме секој меч да го даваме максимумот и да одиме на победа. Свесни сме дека играме со клуб кој пред две сезони ја освои титулата од Лигата на шампионите, но ние имаме сопствен менталитет и идентитет и ќе се обидеме да го наметнеме нашиот стил на игра од почеток. Предвидувањата се секогаш тешки, Челси го сменија тренерот и се многу мотивиран тим. Подготвени сме за тоа, да доминираме во мечот, да ја преземеме контролата на мечот и да бидеме стабилни од почеток до крај“, вели Пиоли.