Top Sport

По неверојатниот кикс, пораз за Лидс во Велс (видео)

Лидс јунајтед го загуби првото место во англискиот Чемпионшип, откако во единствениот неделен натпревар во англиската втора лига загуби на гостувањето кај Кардиф со 2:0.

Тимот на Езѓан Алиоски беше на првото место пред паузата на шампионатот поради корона вирусот, но сега се на второто место во Чемпионшип со ист број на поени како првопласираните Вест Бромвич Албион, но послаба гол-разлика, на осум кола пред крајот на сезоната.

Иако имаа повеќе од играта во текот на целиот меч, Канаѓанецот Џуниор Хојлет ги донесе Кардиф во водство во 36. минута, но во финишот на полувремето, Лидс имаа една апсолутно неверојатна шанса за гол, кога напаѓачот Роберт Бемфорд беше „загубен“ пред голот и го блокираше ударот на неговиот соиграч. Во 72. минута Германецот Роберт Неста-Глацел постигна фантастичен гол за 2:0.

Со победата Кардиф се на седмото место на табелата со 57 поени, колку што има и шестопласираниот Престон. Првите две екипи во Чемпионшип влегуваат директно во Премиер лигата, додека тие од третото до шестото место играат плејоф.

Македонскиот репрезентативец Алиоски влезе во игра во 62. минута, кога тие веќе губеа со 1:0.

Scroll to Top