Top Sport

Пиоли: Мораме да бидеме како „животни“ до крајот на сезоната

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли им порача на своите фудбалери да бидат како „животни“ во утрешниот меч против Удинезе и до крајот на сезоната, ако сакаат да се кандидати за скудетото.

Милан се лидери во Серија А со два поени пред Интер и Наполи, меѓутоа „нераѕурите“ имаат натпревар помалку, откако минатата недела Милан одигра само 2:2 со последнопласираниот тим на Салернитана.

„Се чувствуваме добро, направивме многу грешки во последниот меч и утре ни треба добар меч. Мораме се фокусираме на нашата игра, да останеме на планот на игра и да бидеме подобри. Не треба да се грижиме за резултатите на другите. Првата цел е да освоиме повеќе поени од лани, а ако стигнеме до скудетото тогаш ќе оствариме нешто посебно. Мораме да ја враќаме топката побргу и да бидеме како животни. Кога ја имаме топката, треба да играме мудро. Сите преостанати 13 натпревари се клучни“, вели Пиоли.

Scroll to Top