Top Sport

„Потоп“ на кошаркарите на гостувањето кај Грузија

Македонската кошаркарска репрезентација доживеа тежок 91:70 (24:18, 22:13, 22:16, 23:23) пораз на гостувањето кај Грузија во квалификациите за Светското првенство во 2023 година.

Ова е трет пораз во низа на селекцијата на Душан Бајевиќ (кој не беше во Тбилиси поради позитивен КОВИД-19 тест), резултат кој не остава закован на дното во групата Г, зад Шпанија, Грузија и Украина.

Ако во првата четвртина пруживме достоен отпор, до крајот на полувремето Грузијците направија предност од 15 поени (46:31), по што беше невозможен камбек во второто полувреме.

Тадеус Мекфеден беше најефикасен за Грузијците со 26 поени, додека 20 додаде Гиорги Шемардини, додека во македонската репрезентација најефикасен беше Војдан Стојановски со 15 поени, а 13 имаше Дамјан Робев.

Фото: ФИБА

Scroll to Top