Борусија Дортмунд му одржа фудбалска час на Милан и со победата 3:1 на „Сан Сиро“ си обезбеди пласман во осминафиналето, во Лигата на шампионите. По овој пораз Милан опасно „виси“ не за пласман во нокаут-фазата туку за елиминација од групата. За две недели Милан мора да победи во Њукасл и да чека повлем резултат од Дортмунд, каде ќе гостува ПСЖ.
Тренерот кој минатата сезона го предводеше славниот клуб до полуфиналето на Лигата на шампионите, Стефано Пиоли, призна дека навивачите имаат целосно право да бидат лути и разочарани.
„Мислам дека го загубивме моментот кога не го свртевме натпреварот во наша корист, не само кога не го искористивме пеналот, туку и кога не ја искористивме контрата за да поведеме со 2:1. . Тоа беше почеток на крајот. Кога нема да постигнете гол, непишано правило е дека ќе бидете казнети. Тука е и фактот дека кога останавме без Тијаво изгубивме рамнотежа во одбраната. Требаше да се браниме подобро во некои ситуации“, изјави Пиоли.
„Имаше периоди кога играта одеше во наша корист, но не го искористивме моментумот, напротив му дозволивме на противникот да се крене. Беа поконкретни, поостри и поподготвени да ги користат шансите. Дортмунд е тим кој ќе ги нападне страничните коридори ако ги оставите отворени, тогаш тие се многу опасни. И го направија тоа“, изјави Пиоли.
Миланезите имаат ист број бодови како Њукасл, пет, два помалку од Пари Сен Жермен, кој се спаси од пораз од англискиот тим со скандалозен пенал досуден во 96. минута.
Тоа ги стави парижаните во ситуација со победа во Дортмунд за две недели да обезбедат пласман во осминафиналето и да го направат мечот Њукасл-Милан „квалификациски“ за Лига Европа. Сепак, доколку Борусија го совлада францускиот шампион, победникот на „Сент Џејмс Парк“ ќе завршеше втор.
„Сè што ни преостанува е да победиме во Њукасл, иако веќе не е се во наши раце. Ќе се обидеме да дадеме се од себе и да се надеваме на најдоброто“.