Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, направи голем лапсус, по победата над Каљари (2:0). Со триумфот на Сардинија, Милан ја врати предноста од три бода во однос на Интер, на челната позиција.
По мечот, едно од новинарските прашања, било поврзано со натпреварот што Милан ќе го игра во февруари, во Лига Европа, против Црвена звезда.
Пиоли рекол дека неговиот тим во февруари го очекува тешко гостување во Сараево.
Прашање е дали ова беше лапсус или Пиоли навистина не знае од каде е европскиот првак од 1991 година.
Првиот натпревар, во рамките на 1/16 финалето во Лига Европа, Црвена звезда и Милан ќе го одиграат во Белград на 18.февруари.