Top Sport

ИХФ ги објави термините во кои ќе игра Македонија

Ракометната репрезентација на Македонија, утре ќе стартува во втората фаза на 27. Светско првенство, кое до 31.јануари се одржува во Египет.

Противници на Македонија во втората фаза ќе бидат Русија, Словенија и Белорусија. Сите натпревари македонската селекција ќе ги одигра во терминот од 15.30 часот.

Утре, Македонија ќе игра против Словенија, која во втората фаза влегува со два бода, на 22.јануари ќе биде Русија која пренесе три бода во новата група, а два дена подоцна избраниците на Данило Брестовац ќе играат против Белорусија.

Фото/www.ihf.info/competitions/men/27th-ihf-mens-world-championship

Scroll to Top