Неколку месеци пред да му истекне договорот Стефано Пиоли доби отказ од челниците на Фиорентина. Серијата на лоши резултати му пресудија на Пиоли. Фиорентина последната победа во Серија А ја има забележано на 17 февруари.
Фиорентина по поразот од претпоследниот тим на табелата, Фросиноне (0:1) остана и без шанси да стигне до шестото место, кое носи пласман во Лига Европа. Екипата од Фиренца има 39 бода на десеттото место, односно 12 поени помалку од шестопласираната Рома.
Челниците на клубот од „Артемио Франки“ најверојатно довербата да го води тимот до крајот на сезоната ќе му ја дадат на предводникот на младинците.
За наредната сезона тие се во преговори со поранешниот тренер на Рома, Езебио Ди Франческо. Досегашните преговори со овој тренер не биле продуктивни, бидејќи Ди Франческо барал преголема плата.