Top Sport

Пиоли пред шест години доби отказ од Интер, сега подготвен да ги елиминира

Стефано Пиоли се подготвува за своето прво полуфинале од Лигата на шампиони како тренер и шест години откако доби отказ како тренер на Интер, сега ќе се обиде да ги елиминира „нераѕурите“ како прв човек на градските ривали Милан.

Пиоли доби отказ од Интер точно пред шест години, на 9 мај 2017 година по 1:0 поразот од Џенова. Тој седна на клупата на Интер само три месеци преетходно како замена за Френк де Бур и имаше ветувачки стаат од седум победи, но потоа освои само еден поен во следните седум меча и доби отказ. По ова тој работеше во Фиорентина, за во октомври 2019 година да го замени Марко Џампаоло на клупата на Милан.

Пиоли, охрабрен по елиминацијата на Тотенхем и Наполи вели дека неговиот тим е подготвен за победа во „најтешкото дерби“.

„Ова е дефинитивно најтешкото дерби бидејќи е во Лигата на шампиони. Но, фантастично е да се дојде етука и момците се среќни со ова искуство. Ова е само прв меч, имаме 180 минути. За многумина, Интер се фаворити, но ние сме тука да играме.Ги победивме Наполи и Тотенхем, можеме до крај“, вели Пиоли.

Scroll to Top