Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, има предлог во фудбалот да се воведат две кошаркарски правила.
Пиоли ова го открил на средбата со Серџио Скариоло, тренерот на Виртус Болоња и шпанската репрезентација, кој го посети тренинг-центарот на Милан.
„Би сакал повеќе да комуницирам со играчите во текот на натпреварите. Мој предлог е да се воведе тајм-аут во фудбалот. Тогаш би можел да давам прецизни задачи, додека на полувремето би можел да ги комбинирам тактичките и техничките задачи со мотивирачките говори. Исто така предлагам да се воведе некаква метода за мерење на активната игра, бидејќи премногу време се троши во неактивната игра“, рекол Пиоли.