Top Sport

Пиоли: Судијата ни се извини, но малку корист од тоа

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли вели дека судијата Марко Сера им се извинил на фудбалерите откако им го поништи голот во финишот на мечот против Специја, неколку секунди пред гостите да постигнат гол за 1:2 победа на „Сан Сиро“.

Судијата Сера досуди слободен удар за фаулот над Анте Ребиќ, во секундите кога Месијас го постигна голот, и во следниот напад, Специја постигна гол преку Емануел Гјаси.

„Се обидов да ги смирам моите играчи, но голот на Специја покажа дека не успеав. Знаевме дека е неправда, но и ние делиме одговорност бидејќи не постигнавме гол порано. Судијата ни е извини, можеби тоа не беше негова грешка. Штета, требаше да победиме, а најдовме начин да загубиме. Сезоната е долга“, вели Пиоли.

Луда драма на „Сан Сиро“ – непризнаен гол за Милан, па пораз од Специја во 95. минута!

Scroll to Top