Top Sport

Влаховиќ малку се „прецени“ – против искусниот Сиригу не може со „паненка“

Ветеранот на голот на Џенова, Салваторе Сиригу е познат како фантастичен при ударите од белата точка и тоа го покажа уште еднаш вечерва, не дозволувајќи му на српскиот напаѓач Душан Влаховиќ да го „понижи“ со гол со „паненка“.

Влаховиќ, кој веќе има пет гола од пенал за Виола оваа сезона, беше самоуверен пред пеналот, но Сиригу успеа спектакуларно да одбрани. Италијанскиот голман има 13 одбрани во 76 пенали во кариерата, иако оваа сезона веќе прими три гола.

Одбраната на пеналот не помогна многу – до полувремето Сиригу прими три гола за 3:0 водство на Фиорентина.

Scroll to Top