Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, се надева дека неговиот тим може да направи пресврт на утрешниот реванш против Интер во полуфиналниот двобој од Лигата на шампионите. „Росонерите“ го загубија првиот натпревар со 0:2 и мора да одиграат многу подобро доколку сакаат да играат во финалето во Истанбул.
„Очите на фудбалерите ми покажуваат дека се подготвени за многу подобро издание. Сакаат да се претстават многу подобро од првиот натпревар и да победат на реваншот. Сѐ веруваме дека можеме да се пласираме во финалето. Никој не очекуваше Милан да стигне и до тука, никој не верува дека можеме да играме во финалето. Сепак, јас сум уверен дека можеме да одиграме голем натпревар бидејќи добро ги познавам моите играчи“, изјави Стефано Пиоли.
Сѐ уште е неизвесно и дали ќе може да настапи Рафаел Леао.
„Не можам да кажам ништо околу Леао. Докторите ќе го имаат последниот збор, непосредно пред натпреварот“, дополни стратегот на Милан.